Почина од дијабетес во комбинација со тежок запек.
Елвис Присли големата светска музичка ѕвезда имаше само 42 години кога почина, во далечната 1977 година. Светот занеме, остана во шок. Но имаше богато исполнет живот како ретко кој. Беше еден од музички феномени на 20 век, човек чиј глас, движења на сцената и харизма предизвикуваа воодушевување кај милиони обожаватели, особено кај жените и девојките.
Но, како што бива со така мегапопуларните, зад затворените врати на неговиот имот Грејсленд, приватниот живот му беше несреќен. Во месеците пред смртта тој се повлече од јавноста. Деновите ги минуваше безволно во својата спална соба, а исхраната му беше исклучително нездрава. Тогаш тежел 150 килограми.
Неговата медицинска сестра го опиша како човек кој тешко ги прифаќаше староста и осаменоста. Приватниот живот целосно му се распаѓаше. Елвис бил несреќен и депресивен, а неизмерно му недостигала поранешната сопруга Присила. Живееш со друга жена со која се сврфшил, со Џинџер Олден која го пронашла во бањата како лежи на подот без свест. Кога докторите пристигнале во бањата, неговото тело веќе била помодрено и ладно без циркулација на крвта. Толку славниот Елвис веќе не давал знаци на живот.
Поради неговата огромна телесна тежина биле потребни неколку силни луѓе за да го подигнат на носилка. Личниот лекар, д-р Џорџ Ничопулос, одлучил да го однесат во болницата во која ги познавал лекарите и им верувал. По неуспешните обиди за реанимација, во 15:30 часот, сепак се случи најболното. Елвис Присли официјално беше прогласен за мртов на 16-август.
Обдукцијата која е потоа направена покажа дека Елвис бил сериозно болен долги години. И ако релативно млад, пател од дијабетес во комбинација со тежок запек, кој му ги затнуваше цревата полни со отрови. Тоа допринесе да се случи неизбежната смрт, на кралот на рокенролот. (Д.М.)












