недела, февруари 15, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Собрани 400 кубни метри отпад од мали градски депонии

Собрани 400 кубни метри отпад од мали градски депонии

111

Јавното претпријатие „Комуналец“, во текот на изминатата недела, покрај редовните активности, расчистувало и мини депонии на повеќе локации.

– Дел од малите диви депонии што беа расчистени беа во близина на црквата „40 Маченици“ – Кркардаш, на улицата „Македонски гемиџии“, во населбата Ушици, над населбата Стрелиште… Во текот на акцијата беа собрани над 400 кубни метри отпад, кој потоа беше однесен во депонијата во селото Мегленци – соопштија од претпријатието.

 

ИЗДВОЕНИ