Заклучно со вчерашниот ден, 110 лица се заразени со вирусот Западен Нил во Грција, а девет лица починале, а најголем број случаи се регистрирани во Атика, објави денес Грчката Национална организација за јавно здравје (ЕОДИ).
Од вкупниот број случаи, 81 лице развило заболување на централниот нервен систем (менингитис или енцефалитис), а 45 нови случаи се пријавени само во последните седум дена.
Вирусот е регистриран во 39 општини во 14 регионални единици, а Атика е означена како зона со висок ризик, особено некои делови од Атина – Палини, Вари-Вула-Вулијагмени, Маратон, Агија Параскеви, Шаландри, Глифада, Атина и Пиреја.
Вирусот е присутен и во Тесалија, Централна Грција и Пелопонез.
ЕОДИ ги повика граѓаните да бидат особено претпазливи бидејќи се претпоставува дека вирусот е уште пораспространет од регистрираните случаи, пренесува Танјуг.












