
Иако сè уште е член на Манчестер Сити, се повеќе се шпекулира дека Џек Грилиш би можел да го смени клубот ова лето.
Според информациите пласирани од „The Sun“, неговата ситуација внимателно ја следи Атлетико Мадрид.
Шпанскиот гигант сè уште не испратил официјална понуда, но клубот сериозно ја разгледува можноста за потпишување договорот со англискиот интернационалец.
Голем заговорник на овој трансфер наводно е тренерот Диего Симеоне.
Искусниот аргентински стручњак верува дека Грилиш би се вклопил совршено во неговиот тактички систем со своите квалитети и стил на игра.
Атлетико верува дека англискиот крилен напаѓач би можел да внесе дополнителна креативност и квалитет кога е во прашање нападот.
Сепак, конечна одлука за тоа дали клубот ќе влезе во конкретни преговори сè уште не е донесена.
Затоа, Атлетико внимателно го следи развојот на ситуацијата и ги проценува сите финансиски аспекти на евентуалниот трансфер.
Интересот за Грилиш не доаѓа само од Шпанија. Неговата ситуација ја следат и Евертон и Астон Вила, клубот каде што некогаш се прослави и се здоби со статус на еден од најдобрите играчи во Премиер лигата.
Покрај клубовите од Англија, интерес покажаа и некои тимови од Саудиска Арабија, како и претставници на американската МЛС.
Ова значи дека Манчестер Сити би можел да има неколку заинтересирани купувачи доколку одлучат да го продадат.
Дали Грилиш ќе ја продолжи кариерата во Ла Лига или ќе избере друга дестинација, останува да се види во наредните недели.
Едно е сигурно – доколку Диего Симеоне добие зелено светло од раководството на Атлетико, Мадрид би можел да стане место на еден од најинтересните трансфери ова лето.











