недела, ноември 15, 2026
Дома СКОПСКА Со спортски активности, во Аеродром се одбележува Европската недела на спортот

Со спортски активности, во Аеродром се одбележува Европската недела на спортот

32

Општина Аеродром се приклучи кон одбележувањето на Европската недела на спортот, со активности насочени кон поттикнување на младите да создаваат здрави животни навики и да го направат спортот дел од своето секојдневие.

– Во рамките на иницијативата, ООУ „Димитар Македонски“ организираше низа спортски активности, при што се дружеа со учениците од ООУ „Гоце Делчев“, спортуваа и испратија силна порака за значењето на физичката активност, дружењето и на тимскиот дух – информираа општинските власти.

Тие додаваат дека Општината континуирано вложува во развојот на спортот и создава услови да бидат младите активни, да ги развиваат своите способности и да градат позитивни животни навики.

-Посветеноста кон спортот дава резултати, што се потврдува и со значајните успеси на спортистите и на спортските екипи од Аеродром на државно и на меѓународно ниво – потенцираат од локалната самоуправа.

Тие наведуваат дека продолжуваат да создаваат можности за спорт, рекреација и за активен живот за сите генерации, со цел да поттикнат здрава и активна заедница.

– Да се движиме, да спортуваме и заедно да ја шириме „биектив“ енергијата – порачуваат од Општина Аеродром.

 

ИЗДВОЕНИ