четврток, септември 24, 2026
Дома СКОПСКА Паркот во Градски ѕид добива 90 садници, детско игралиште и вежбалница на...

Паркот во Градски ѕид добива 90 садници, детско игралиште и вежбалница на отворено

1

Паркот зад продавницата за слатки „Краш“ во Градски ѕид добива нов изглед, се уредува зеленилото и се довршуваат содржините за одмор и рекреација.

– Веќе се поставени системот за наводнување и тревната површина, а во тек е садењето на 90 нови садници и дрвја. Меѓу нив има јапонски украсни цреши, индиски јорговани, украсни сливи, јапонски јавори, атласки кедри и сини смреки. Се садат и рози, лаванда, декоративни грмушки и други цветни растенија – соопштија од Општина Центар.

Во паркот се уредуваат и пешачките патеки, а се поставени и нови клупи и канти за отпадоци. Просторот ќе има и ново детско игралиште и вежбалница на отворено за да може да го користат граѓани од сите возрасти.

ИЗДВОЕНИ