Националниот парк „Шар Планина“ подготвува за обновување на шумските предели. Оттаму информираат е дека со PURE PROMISE е потпишан е нов договор за донација со кој е предвидено пошумување на 12 хектари со вкупно 30.000 садници, односно 2.500 садници по хектар.
– Особено важно е што соработката не завршува со садењето. Предвидено е и двегодишно одржување на пошумените површини, со цел да се обезбедат што подобар прием на садниците, нивен развој и долгорочен успех на пошумувањето – велат од НП „Шар Планина“.
Од Националниот парк велат дека обновувањето на шумите не значи само садење дрвја туку, како што наведуваат, тоа е долгорочен процес на обнова на живеалиштата, подобрување на состојбата на шумските екосистеми и зголемување на нивната отпорност.












