недела, септември 27, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Продолжува санација на улицата „7-ми Ноември“

Продолжува санација на улицата „7-ми Ноември“

21

По успешното завршување на градежните активности за реконструкција на дел од улицата „7-ми Ноември” продолжува следната фаза од проектот.

​Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, информираше дека втората фаза ќе се одвива во две потфази со цел побрза реализација и олеснување за граѓаните.

– Првата потфаза опфаќа реконструкција на потегот од фабриката „Братство“ до ОУ „Братство Единство“, додека втората потфаза опфаќа реконструкција од ОУ „Братство Единство“ до пресекот со Булевар „Туристичка“ – истакна Пецаков.

​Тој додава дека согласно со проектот се предвидени санација на атмосферска канализација, нови, уредени и безбедни тротоарски површини за пешаците, подземно поставување (спуштање) на кабелските и сите останати оператори, нов асфалт и целосна реконструкција на коловозната лента, како и поставување на ново осветлување.

​Пецаков апелираше до сите учесници во сообраќајот за разбирање, стрпливост и почитување на привремениот сообраќаен режим за време на изведувањето на градежните работи.

ИЗДВОЕНИ