Делови од Јужниот Остров на Нов Зеланд денес беа погодени од силен поларен бран, носејќи снег до нивото на морето и температури под нулата, затворајќи патишта, запирајќи дел од сообраќајот и нарушувајќи ја работата на училиштата.
Снегот го покри Данидин, вториот по големина град на Јужниот Остров, а полицијата ги повика луѓето да избегнуваат патувања освен во итни случаи поради ледени услови.
Пријавени се неколку сообраќајни несреќи, но нема повредени.
Според Ројтерс, снег паднал и на плажата Њу Брајтон во Крајстчерч, додека скијачите и сноубордерите ги искористиле необичните временски услови за да скијаат по улицата Болдвин во Данидин, која се смета за најстрмната станбена улица во светот.
Снегот на ниво на морето е редок во Данидин, иако планинските региони на градот повремено доживуваат снежни врнежи за време на силни налети на студен воздух. Сите автобуски услуги во Данидин се прекинати поради бурата, додека фериботите помеѓу Северните и Јужните Острови на Нов Зеланд се привремено прекинати поради силни ветрови и високи бранови.
Новозеландската метеоролошка служба соопшти дека се очекува студениот бран да трае уште два дена, со снег и лапавица што ќе паднат речиси до нивото на морето во источните делови на Јужниот Остров.
Во четврток наутро во многу делови од земјата би можеле да се забележат најниски температури во годината.
View this post on Instagram












