среда, септември 23, 2026
Дома БАЛКАН Снег ја завеа Романија: Ангажирана механизацијата за расчистување на патиштата и истурени...

Снег ја завеа Романија: Ангажирана механизацијата за расчистување на патиштата и истурени 5 тони сол/ВИДЕО

37
Фото: Printscreen Facebook/DRDP Brașov

Обилни снежни врнежи го зафатија автопатот Трансфагарашан во Романија, поради што екипите за одржување патишта мораа да ангажираат тешка механизација за расчистување на коловозот.

Најсилните врнежи беа регистрирани во планинскиот предел околу езерото Балеа, каде што условите за возење се изразито зимски. Регионалната управа за патишта и мостови од Брашов (DRDP) соопшти дека за расчистување на патот биле ангажирани две машини и употребени повеќе од пет тони сол.

„Обилен снег на Трансфагарашан! Ангажиравме две машини и искористивме повеќе од пет тони сол за расчистување на патот, но условите за возење остануваат зимски, особено во близина на езерото Балеа“, изјавија од DRDP Брашов.

Службите за одржување патишта апелираат до возачите да ги проверат условите на патот пред да тргнат на пат и советуваат да не патуваат доколку не се подготвени за возење во зимски услови.

Според DRDP Брашов, снег во оваа област паѓал и во вторникот, иако тогаш не било потребно користење на тешка механизација.

Утрово снег падна на Пелистер, а претходниот ден, првиот снег за оваа сезона падна на Копаоник во Србија, а снег имаше и на повисоките предели на планината Голија.

Првиот снег го забеле Пелистер: Зимска слика на првиот ден од есента/ФОТО

Копаоник побеле: Падна првиот снег, најавен и почетокот на скијачката сезона/ВИДЕО

ИЗДВОЕНИ