недела, ноември 8, 2026
Дома БАЛКАН Се преврте автобус со српски регистарски таблички на автопат во Хрватска: Најмалку...

Се преврте автобус со српски регистарски таблички на автопат во Хрватска: Најмалку две лица загинаа, хеликоптер слета на местото на несреќата

68

Утрово, околу 7:25 часот, на автопатот А3 – на 61-виот километар во правец кон Загреб, веднаш по клучката Иваниќ-Град – се случи тешка сообраќајна несреќа при која се преврте автобус со српски регистарски таблички.

Во несреќата загинаа две лица, соопшти полицијата.

„Неколку лица се повредени и ќе им биде укажана лекарска помош во болниците во загрепската област. Сообраќајот се одвива бавно и е ограничен на левата лента“, се додава во соопштението на полицијата.

Сите итни служби се на терен, а пристигна и хеликоптер за да им помогне на повредените.

Според информациите од ХАК (Хрватски авто-клуб), сообраќајот се одвива со ограничување на брзината од 60 километри на час.

ИЗДВОЕНИ