среда, септември 23, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Првиот снег го забеле Пелистер: Зимска слика на првиот ден од есента/ФОТО

Првиот снег го забеле Пелистер: Зимска слика на првиот ден од есента/ФОТО

19
ФОто: Национален парк Пелистер

Пелистер денеска осамна со првата снежна покривка за оваа сезона, откако студената воздушна маса ги зафати високите планински предели во земјава.Јавнат а установа Национален парк „Пелистер“ објави фотографии од снежните врвови, на кои се гледа дека највисоките делови на Баба Планина се забелени.

На надморска височина над 2.000 метри температурите се спуштија околу нулата, па дождот на пониските подрачја премина во снег на највисоките точки.

Снегот пристигна по периодот на нестабилно и врнежливо време, кој донесе пад на температурите и врнежи во Пелагонискиот регион. По продолженото топло и сушно лето, првите снежни врнежи на Пелистер создадоа вистинска зимска глетка.

Иако до календарскиот почеток на зимата има уште речиси три месеци, првите снегулки на еден од најпознатите македонски планински масиви се знак за значително заладување на високите планински предели.

ИЗДВОЕНИ