среда, септември 23, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Европската комисија ќе ја награди Унгарија со 4,2 милијарди евра

Европската комисија ќе ја награди Унгарија со 4,2 милијарди евра

21
EPA/ROBERT HEGEDUS HUNGARY OUT

Европската комисија планира да деблокира 4,2 милијарди евра од средствата на ЕУ за Будимпешта, кои беа замрзнати поради обвинувања за корупција за време на поранешниот премиер Виктор Орбан.

– Унгарија презеде важни чекори за зајакнување на владеењето на правото и заштита на финансиските интереси на Унијата – изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Таа наведе дека реформите спроведени од актуелниот премиер Петер Маѓар, Будимпешта ги реши „недостатоците во области, како што се јавните набавки, антикорупциската рамка, ризиците од судир на интереси и ефикасноста на обвинителските постапки“.

ЕК истакна дека Унгарија може да има пристап до дел од замрзнатите средства, 4,2 милијарди евра финансиска поддршка за економски загрозените региони и целосно да учествува во програмата на ЕУ за размена на студенти „Еразмус“ и шемата за финансирање на истражувања „Хоризонт“.

Одмрзнувањето на средствата треба да биде одобрено од земјите членки на ЕУ.

ИЗДВОЕНИ