четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Смртна казна за 16 членови на банда во Кина

Смртна казна за 16 членови на банда во Кина

159

Кинески суд денеска осуди на смрт 16 осомничени членови на банда вмешана во сајбер измами, нелегално коцкање, трговија со дрога и проституција во регионот на Мјанмар што се граничи со Кина, објави државниот радиодифузер CCTV.

Петмина од 16-те добија условни казни од две години.

Суд во Венжоу, источна Кина, исто така изрече 11 доживотни казни и уште 12 затворски казни до 24 години, објави CCTV.

Ова беше едно од најстрогите колективни судења во последните години. Пресудата во првостепениот судски процес може да се обжали.

Семејството Минг и други банди се вклучени во широк спектар на криминални активности од 2015 година и се одговорни за смртта на 14 лица поврзани со сајбер криминални активности, од кои 10 биле принудно вработени и се обиделе да избегаат, додаде судот.

ИЗДВОЕНИ