Словачката национална гасна компанија СПП започна разговори со рускиот „Газпром“ за значително зголемување на увозот на природен гас за оваа и следната година.
Според анонимни извори на „Ројтерс“, Братислава сака да ја зголеми количината на увезен гас во споредба со нивоата од 2025 година, пред да стапи во сила целосната забрана на Европската унија за руски енергетски производи.
Планот е рускиот увоз да се зголеми на дури 100 проценти од потребите на СПП до 2027 година, доколку преговорите бидат успешни, додадоа изворите.












