вторник, август 11, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Следете ги препораките – и денеска многу топло време

Следете ги препораките – и денеска многу топло време

1

И денеска ќе продолжат високите температури поради топлотниот бран што ја зафати Македонија, предупредуваат од Управата за метеоролошки работи (УХМР). Температурата ќе се искачи до 40 степени, а сончево и многу топло ќе биде и утре, а од четврток се очекува мало освежување и пад на температурата за неколку степени.

Здравствените власти препорачуваат граѓаните да се заштитат од топлото време, да не се излегува без потреба од 11 до 17 часот, да се носи лесна и светла облека и да се консумираат лесна храна и повеќе течности.

Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелираат до граѓаните да не биде голема разликата меѓу климатизираните простории со надворешната температура, а во однос на исхраната, таа треба да биде лесна и помалку мрсна и да не се консумира храна што содржи големо количество шеќери.

-Лицата над 65-годишна возраст кои ја земаат редовно терапијата, ако не се чувствуваат добро во текот на денот, треба да се консултираат со своите матични лекари, бремените да ги следат препораките што им ги даваат нивните матични гинеколози, а хронично болните редовно да ја земаат својата терапија.

ИЗДВОЕНИ