Скопските велосипедисти сметаат дека токму воведувањето на функционален систем за изнајмување велосипеди е едно од најитните решенија за олеснување на градскиот метеж и зависноста од фосилните горива, а со тоа и решение за аерозагадувањето.
– Пред повеќе од 10 години се покажа дека тоа може да функционира во Скопје, а сега останува на градските власти да решат да го донесат и да го имплементираат – вели Дарко Арсовски од групата скопски велосипедисти „На точак“.
Тој смета дека дополнително, како начин за намалување на бројот на возила кои испорачуваат различна стока низ градот, но и како начин на превезување на луѓето во микромобилно средство, може да се копира примерот од Загреб со изнајмување на карго велосипеди
Во Скопје не постои можност граѓаните да изнајмат обичен велосипед, додека во Загреб, тој систем се проширува и од неодамна постои можност да се изнајми карго велосипед.
Скопските велосипедисти сметаат дека токму воведувањето на функционален систем за изнајмување велосипеди е едно од најитните решенија за олеснување на градскиот метеж и зависноста од фосилните горива, а со тоа и за аерозагадувањето.
– Пред повеќе од 10 години, се покажа дека во Скопје тоа може да функционира, а сега останува на градските власти да решат да го донесат и да го имплементираат – вели Дарко Арсовски од групата скопски велосипедисти „На точак“.
Тој смета дека дополнително, како начин за намалување на бројот на возила кои испорачуваат различна стока низ градот, но и како начин на превезување на луѓето во микромобилно средство може да се копира примерот од Загреб со изнајмување карго велосипеди.
– Таму, во градскиот систем за изнајмување велосипеди има неколку карго велосипеди кои можат да пренесуваат голем товар, како дополнување на флотата на велосипеди со детски седишта. Во Скопје, на улиците речиси и да нема сертифициран карго велосипед. Нема локална продавница од која може да се купи, нема субвенции за купување, а најчесто ни простор каде што може прописно и безбедно да се вози – објаснува Арсовски.
Тој вели дека, за жал, во Македонија, според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, е забрането превезување на деца и смета дека тоа треба итно да се смени.
– „На точак“, во 2025 година, достави коментари за предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во кои баравме да се дозволи возење на други лица само ако на возилото постојат посебни седишта или сертифицирана приколка согласно со европските стандарди. Тие не беа земени предвид при неговата измена – заклучи тој.
Оттаму прашуваат: „Ако сакаме да ги намалиме бројот на автомобили низ улиците, бројот на испорачувачи што користат моторни возила или кои се движат со нив по пешачки зони и ако сакаме да направиме град побезбеден за сите, дали е време да почнеме да инвестираме во безбеден превоз со карго велосипеди?“
За жал, во Скопје, единствена опција за изнајмување се тротинети.
Турската компанија „Бин-бин“ пред две години преку ЈП „Градски паркинг“ обезбеди базни станици и го започна проектот за изнајмување на електрични тротинети, па на скопјани им стави на располагање околу 500.
Во 2021 година ,ЈП „Градски паркинг“ донесе одлука да ги продаде сите велосипеди и тротинети кои без купени за проектот „Изнајми велосипед“. Овој проект функционираше само пет години, но и тогаш имаше проблеми во неговото спроведување. Велосипеди можеа да се изнајмат само на затворените паркинзи на ЈП „Градски паркинг“, а тие за многу кратко време беа искршени или, пак, украдени.
(А. П.)












