четврток, октомври 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Скопјанец снимен со „ЛасерКам“ како вози 203 км/ч на автопатот Скопје –...

Скопјанец снимен со „ЛасерКам“ како вози 203 км/ч на автопатот Скопје – Свети Николе

14

Со брзина од дури 203 километри на час, скопско патничко возило „мерцедес“ било снимено вчера попладне на автопатот Скопје – Свети Николе, каде максимално дозволената брзина е ограничена на 130 километри на час.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, прекршокот бил констатиран во 16 часот, на околу три километри пред наплатната станица Преод. Брзината била измерена од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата со помош на контролниот уред „LaserCam 4“.

Против возачот кој ја надминал дозволената брзина за повеќе од 70 километри на час се преземени соодветни санкции согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат на територијата на целата држава со цел санкционирање на прекршителите и подигнување на нивото на безбедност. Истовремено, полицијата упати апел до сите учесници во сообраќајот строго да ги почитуваат правилата и да ја приспособат брзината кон условите на патот.

ИЗДВОЕНИ