четврток, октомври 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА На „Табановце“ приведен Австриец: Во кампер-возило му биле пронајдени оружје и муниција

На „Табановце“ приведен Австриец: Во кампер-возило му биле пронајдени оружје и муниција

91
Фото МВР

Австриски државјанин бил приведен вчеравечер на Граничниот премин „Табановце“ откако полициските службеници во неговото возило откриле пиштоли и друг вид муниција.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 7 октомври 2026 година, во 18 часот, на влез во државата. При редовна гранична контрола и детален преглед на кампер-возило „Фиат“ со приколка, со австриски национални ознаки, управувано од 62-годишниот П.Р. од Австрија, службениците пронашле непријавено оружје и опрема.

Полицијата одземала еден гасен пиштол, еден револвер, пакување со 90 дијаболи, како и едно пакување во кое имало 22 иницијативни каписли.

За случајот веднаш бил известен дежурен јавен обвинител, а лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. Од полицијата најавуваат дека по целосното документирање на настанот, против австрискиот државјанин ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗДВОЕНИ