сабота, јуни 13, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Скопјанец бил пресретнат, физички нападнат и насилно однесен од „Карпош“, на неколку...

Скопјанец бил пресретнат, физички нападнат и насилно однесен од „Карпош“, на неколку локации, па оставен во Шишево

51

Триесет и шестгодишен скопјанец пријавил во полиција дека бил пресретнат, физички нападнат и однесен на неколку локации, по што бил оставен во селото Шишево.

На 12.06.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје, Д.Е.(36) од скопско пријави дека околу 14:00 часот на подрачјето на Карпош, додека се движел со патничко возило „мерцедес“, бил пресретнат од три патнички возила „хјунади“, „фолксваген тигуан“ и „фолксваген пасат“, управувани од Р.Б., М.Б. и Б.Б., при што Р.Б. физички го нападнал и му нанел тешки телесни повреди. Според пријавеното, после тоа го ставиле во едно од возилата и го однеле најпрво на автоплац во Карпош, а потоа го оставиле во село Шишево, скопско, информираат од МВР.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Потоа, како што пријавил оштетениот, бил ставен во едно од возилата и однесен најпрво на автоплац во Карпош, а потоа бил оставен во селото Шишево.

ИЗДВОЕНИ