
Пол Сколс верува дека повеќе не може да му се верува на Бруно Фернандес како капитен на Манчестер јунајтед, предлагајќи да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија. Поранешната легенда на Јунајтед реагираше на критиките на Фернандеш кон менаџерот Мајкл Карик, дефинирајќи го таквиот негов потег како неоправдан.
Сколс му рече на Фернандеш да се откаже од европскиот фудбал откако тој јавно ја критикуваше тактиката на Карик по поразот минатата недела, во Италија. Португалецот ѝ се спротивстави на одлуката да не се игра одбрана еден на еден против Комо, додавајќи дека пристапот му дава дополнителна самодоверба на противникот. Играчот од средниот ред потоа беше отстранет од составот за натпреварот против Бурнемаут, кој заврши со убедлив пораз на Јунајтед од 3:0.
– Она што го кажа Бруно Фернандеш минатата недела го сметам за неоправдано. Како може некој повеќе да му верува на капитенот во кој било клуб? Мислам дека е најдобро да ја напушти Европа, да оди во Саудиска Арабија и едноставно да си замине. Не мислам дека некој менаџер или член на персоналот може да му верува по ова – рече Сколс, легендата на Јунајтед која освои 11 титули во Премиер лигата со него и му помогна да освои 25 трофеи.
Ова не е прв пат тој да го критикува однесувањето на Фернандеш. Тој му рече да молчи претходно оваа сезона откако тој го критикуваше настапот на сопствениот тим по поразот од Хал сити.











