Легендарниот Чарлс Баркли жестоко го критикуваше Никола Јокиќ по изјавата на српскиот кошаркар дека навивачите на Денвер не треба да доаѓаат во арената ако планираат да ги исвиркуваат по едно лошо издание на тимот.

Баркли смета дека навивачите имаат целосно право да го изразат своето незадоволство и дека критиките се составен дел од професионалниот спорт.

  • Не смееш да си дозволиш да играш лошо. Навивачите те сакаат кога сè оди добро, но ќе се свртат против тебе кога работите ќе тргнат на лошо, порача поранешниот НБА-ѕвезден играч.

Тој посочи дека свирежите од трибините можат да бидат мотивација за кошаркарите да заиграат подобро, а не причина за лутење.

Баркли упати и остра порака до сите играчи кои тешко ги прифаќаат критиките, нагласувајќи дека истото важи и за медиумите.

  • Ако не разбираш како функционира таа динамика, тогаш едноставно си глупав, заклучи Баркли, дополнително разгорувајќи ја дебатата околу реакцијата на српскиот центар.

ИЗДВОЕНИ