Иранската делегација одби да направи заедничка фотографија со американската делегација за време на четиристраниот состанок во Швајцарија, објави иранската новинска агенција „Тасним“, повикувајќи се на извор близок до иранскиот преговарачки тим, пренесе „Танјуг“.
Извор изјавил за новинската агенција Тасним дека американската делегација и организаторите на состанокот планирале ракување и заедничка фото церемонија во Швајцарија.
Сепак, шефот на иранскиот преговарачки тим се спротивстави на ова.
Првата рунда разговори меѓу Иран и САД во Швајцарија заврши денес, изјави за Ројтерс извор близок до преговарачкиот тим.
Во Биргеншток, швајцарско планинско одморалиште каде што се водат преговори, американскиот потпретседател Џ.Д. Венс, за време на разговорите со иранската страна за поширок договор на Блискиот Исток, оцени дека САД се во „историски момент“ и изјави дека разговорите, со посредство на претставници на Пакистан и Катар, работат на „трансформација на Блискиот Исток“ и трајно подобрување на односите со Иран, пренесе „Танјуг“.












