петок, ноември 6, 2026
Дома СВЕТ Трамп повторно предизвикува контроверзии со изјавите: „Без мене, вие воопшто не би...

Трамп повторно предизвикува контроверзии со изјавите: „Без мене, вие воопшто не би постоеле“

0
EPA/JIM LO SCALZO

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно изјави дека Израел – па дури и целиот Блиски Исток – немаше да опстанат доколку тој не го спречеше Иран во развојот на нуклеарно оружје.

„Израел, а всушност и целиот Блиски Исток, денес не би постоеле доколку не го спречев Иран да дојде до нуклеарно оружје. Никој не сака да го каже тоа, но сите знаат дека е вистина“, напиша Трамп во петокот вечерта на својата платформа за социјални медиуми, „Truth Social“.

Тој изнесе слично тврдење кон крајот на август, за време на интервју за „Fox News“, наведувајќи дека Израел ќе исчезнел – а веројатно ниту Блискиот Исток немало да постои – доколку тој не бил претседател на САД. Тогаш додаде дека Иран сигурно би употребил нуклеарно оружје доколку го поседувал.

Објавата на Трамп дојде еден ден по средбата со членовите на неговиот тим за национална безбедност, на која, за првпат по изборите за Конгресот, се разговараше за Иран.

По средбата, американскиот претседател им изјави на новинарите дека наскоро ќе одлучи дали ќе се пристапи кон воени операции. Тој напомена дека би сакал да избегне уништување на остатокот од земјата, но дека на крајот можеби ќе биде принуден да преземе таков чекор, пренесе „Дневни аваз“.

ИЗДВОЕНИ