недела, јуни 21, 2026
Дома СВЕТ Нови правила за влез во ЕУ од 1 јули

Нови правила за влез во ЕУ од 1 јули

102

Од 1 јули 2026 година, правилата на Европската Унија бараат лесните комерцијални возила (LCV) и комбињата со максимална дозволена маса (вклучувајќи приколка) помеѓу 2,5 и 3,5 тони, кои се вклучени во меѓународен транспорт или каботажа, да имаат инсталирани паметни тахографи од втора генерација (G2V2).

Овие уреди ќе мора да ги евидентираат граничните премини, локациите за товарење и истовар, како и активностите на возачите.

Сите лесни комерцијални возила и комбиња со тежина од 2,5 до 3,5 тони кои се вклучени во меѓународен транспорт или каботажа со надомест ќе мора да бидат опремени со паметни тахографи од втора генерација, објавува „Слободна Босна“.

Лесните камиони до 3,5 тони, кои главно се користат за транспорт на материјали до и од градилиштата, како и за работа на градилиштата, се ослободени од оваа мерка.

Ваквите возила нема да подлежат на овој услов доколку работат во радиус до 100 километри.

Ослободувањата продолжуваат да важат за транспорт на рачно изработени производи.

Дополнителни ослободувања важат за возила што се користат за некомерцијални, домашни активности, каде што возењето не е примарна занимација на возачот.

 

ИЗДВОЕНИ