среда, ноември 18, 2026
Дома СВЕТ Три танкери за нафта наидоа на мини во близина на Ормускиот теснец

Три танкери за нафта наидоа на мини во близина на Ормускиот теснец

0

Три танкери за нафта се запалија и застанаа откако наидоа на поморски мини во забранета зона источно од Ормускиот теснец, објави денес иранската војска.

Во соопштението од Одделот за односи со јавноста на иранската војска се наведува дека инцидентите се случиле утрово откако танкерите, и покрај повторените предупредувања од морнарицата, продолжиле да пловат низ забранетата зона и ги исклучиле своите навигациски системи, објави Тасним.

Според иранските вооружени сили, пловењето низ Ормускиот теснец мора да се врши во согласност со прописите, со претходна координација со надлежните органи, користење на одобрени навигациски коридори и активни системи за навигација и следење.

Иранските воени претставници предупредија дека бродовите што не ги исполнуваат горенаведените барања ќе наидат на пречки и ќе бидат изложени на ризик од пожар, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ