
Спортскиот директор, Деко, одлично ја врши работата во Барселона ова лето кога станува збор за трансферите, како во однос на потпишувањата, така и во однос на играчите што успеа да ги продаде или да ги позајми.
Секако, по доаѓањето на Ентони Гордон и Карим Адејеми, главна тема овие денови се Родри и Хулијан Алварез, кои се главни цели до крајот на преодниот рок.
Барселона веќе се договорила за сè со Родри и чека само официјална потврда за трансферот, а следните неколку дена ќе бидат клучи кога станува збор за Алварез, кој треба да разговара со челниците на Атлетико (М) со цел да ги убеди да го пуштат да се пресели на „Ноу Камп“.
Сепак, покрај Родри и Алварез, челниците на Барселона тивко работат на уште еден фантастичен трансфер.
Шпанските медиуми објавија дека Барселона го обновила интересот за Алесандро Бастони и се обидува да го доведе дефанзивецот на Интер до крајот на овој преоден рок.
Бастони беше поврзуван со Барселона пред неколку месеци, но немаше официјална понуда. Сепак, откако Роналд Араухо го напушти клубот, јасно е дека Барса мора да доведе нов централен дефанзивец.
Деко наводно го контактирал Бастони, кој е многу заинтересиран да оди во Барселона, а тој трансфер би можел да чини околу 60 милиони евра.
Дека нешто се „готви“ покажа и потегот на италијанскиот централен дефанзивец кој ја лајкна објавата на Ерик Гарсија на Инстаграм, што не остана незабележано од навивачите на Барселона, но и од шпанските медиуми.
Араухо за неколку часа треба да ја финализира својата позајмица во Ливерпул бидејќи веќе поминал на медицински прегледи, а неговото заминување сигурно ќе го ослободи буџетот за плати и регистрација на нови засилувања.
Треба да се напомене и дека Ливерпул ќе има право да го откупи договорот на Араухо следното лето за 55 милиони евра ако ги оправда очекувањата на „Енфилд“.
Кога станува збор за Барса, се чини дека највозбудливиот дел од преодниот рок за нив доаѓа, а кого Деко ќе успее да доведе останува да се види.











