петок, септември 25, 2026
Дома СВЕТ Сите аеродроми во Ирак ги одложија летовите кон Иран и не прифаќаат...

Сите аеродроми во Ирак ги одложија летовите кон Иран и не прифаќаат летови од таму

23
Фото: википедија

Сите ирачки аеродроми ги суспендираа летовите кон Иран и не прифаќаат летови од таму, пренесува „Ројтерс“.

Аеродромите во Ербил и Сулејманија денеска ги суспендираа летовите од Иран, по претходната одлука на аеродромот во Багдад да го стори истото.

Ирачката државна новинска агенција претходно денеска извести за суспензија на иранските летови на Меѓународниот аеродром Наџаф.

Два неименувани извори за „Ројтерс“ претходно оваа недела изјавија дека Ирак ѝ наложил на својата Управа за цивилно воздухопловство да ги суспендира летовите на иранските авиокомпании кон аеродромот во Багдад почнувајќи од среда, како и дека владата размислува за пренасочување на иранските летови од Багдад кон Наџаф.

САД објавија дека, почнувајќи од 23 септември, воведуваат санкции за сите компании што соработуваат со ирански авиокомпании, со цел да ја приземјат целата иранска флота за цивилно воздухопловство ширум светот. Обединетите Арапски Емирати, најголемиот сообраќаен центар на Блискиот Исток, во четвртокот објавија дека ги суспендираат сите летови на иранските авиокомпании кон и од земјата до понатамошно известување, пренесува „Бета“.

ИЗДВОЕНИ