сабота, ноември 28, 2026
Дома БАЛКАН Битола и Охрид го почувствуваа: Земјотрес со интензитет од 4 степени ја...

Битола и Охрид го почувствуваа: Земјотрес со интензитет од 4 степени ја погоди Грција, се стресе и Македонија

0

Земјотрес со локална магнитуда од 4 степени според Рихтеровата скала утрово ја потресе Грција, а сеизмичките вибрации биле почувствувани и во Македонија.

Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот бил регистриран во 8:47 часот, со епицентар на 140 километри југозападно од Скопје.

Според досегашните податоци, потресот бил почувствуван во Битола, Охрид и околните населени места со интензитет од III степен според Европската макросеизмичка скала.

Од Опсерваторијата ги повикуваат граѓаните што го почувствувале земјотресот да го пополнат прашалникот за почувствуваност и да придонесат во сеизмолошките истражувања.

ИЗДВОЕНИ