По поразот во полуфиналето на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ на прес-конференција истакна дека верува дека неговите најдобри шанси за титула од грен слемовите се на Вимблдон, третиот грен слем сезонава кој ќе се одигра на лондонските тревни терени од 30 јуни до 13 јули.

Новак ја освои својата 100-та титула во Женева, а повеќе имаат само Роже Федерер (103) и Џими Конорс, кој е на врвот со 109. И токму човекот со најмногу титули има апсолутна доверба во Ѓоковиќ и е убеден дека би можел да го подигне 25-от грен слем трофеј во кариерата во Англија.

  • Секако дека може. Зошто да не? Неговиот настап на сите подлоги на грен слем турнирите е неверојатен, да бидеме искрени. Секако, Новак, поради неговата самодоверба, би сакал да го победи Синер и да игра во финалето на Ролан Гарос, но постојано велам дека не е лесно да се игра против овие помлади момци. Особено кога мора да играте во три освоени сета, објасни Џими Конорс во својот подкаст.

Тој има целосна доверба во Србинот, но зборуваше и за двајцата момци кои го одграа едно од најлудите финалиња во Париз – Карлос Алкараз и Јаник Синер.

  • Со Новак, не станува збор за натпреварите што ги добивате со 6-4 во петтиот сет или 7-5 во четвртиот сет, туку за натпреварите што следат, а кои ве исцрпуваат пред четвртфиналето или полуфиналето, каде што треба да го играте вашиот најдобар тенис и да не се чувствувате толку уморни. Тоа им се случува на сите спортисти, како што стареете, тогаш се појавува замор, особено кога играте против Синер или Алкараз, момци кои само што почнаа да создаваат име. Многумина од нив сакаат да го победат Новак, за еден ден да можат да им раскажат на своите деца како го победиле на Вимблдон. Тоа е голема работа за нив, заклучи Конорс.

ИЗДВОЕНИ