среда, ноември 4, 2026
Дома СВЕТ Ел-Сајед, првиот муслиман во Сенатот порача: Доналд, нарекувај ме сенатор!

Ел-Сајед, првиот муслиман во Сенатот порача: Доналд, нарекувај ме сенатор!

0

Демократот Абдул Ел-Сајед прогласи победа во трката за Сенатот на САД во Мичиген. Со ова, 41-годишниот лекар стана првиот муслиман во Сенатот на САД.

„Мичиген, успеавме! Горд сум и ми претставува чест што стојам овде како ваш избран сенатор од големата држава Мичиген. Можеме да преминеме од ‘иншала’ (ако даде Бог) кон ‘алхамдулила’ (фала му на Бога)“, рече тој.

Претседателот Доналд Трамп го нарече опасен џихадист и намерно го ословуваше со погрешно име – „Мохамед Ел-Сајед“.

Сега, Ел-Сајед има порака: Викајте ме сенатор!

Ел-Сајед изрази огромна возбуда поради можноста да им служи на граѓаните на државата, истакнувајќи дека републиканците се обиделе да посеат раздор напаѓајќи го неговото име и верска припадност.

Во својот говор, тој упати и критика кон израелското лоби, AIPAC, кое се спротивстави на неговата кандидатура.

„Ви благодарам што ми дадовте шанса да ве победам двапати“, рече тој.

ИЗДВОЕНИ