четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Силен земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

Силен земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

106

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Италија во текот на ноќта, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од 375 километри и на оддалеченост од 43 километри од Неапол.

Според извештаите објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот бил почувствуван во неколку европски земји.

Досега нема извештаи за повредени или материјална штета, објавува „Кориере дела Сера“. Не е издадено предупредување за цунами.

ИЗДВОЕНИ