понеделник, јуни 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Силен земјотрес од 5,5 степени го вознемири и жителите во охридскиот и...

Силен земјотрес од 5,5 степени го вознемири и жителите во охридскиот и дебарскиот регион

89

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала вчераутро погоди делови од северозападна Грција и регионот околу островот Крф. Според Геодинамичкиот институт на Универзитетот во Атина, умерениот потрес се случил околу 5:32 часот наутро по локално време.

Грчките медиуми објавија дека земјотресот бил почувствуван и во јужна Албанија. Епицентарот на земјотресот бил на копно во близина на регионалниот центар Јанина на длабочина од околу 10 километри. Следувале многубројни помали потреси, по што многу жители се разбудиле и истрчале од своите домови. Локалните медиуми објавија дека имало привремени прекини на електричната енергија во некои региони. Имало и помали лизгања на земјиштето.

Нема извештаи за повредени или значителни штети на зградите, изјави експертот за земјотреси Ефтимиос Лекас за грчката телевизија ЕРТ њуз.

Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот бил почувствуван и во Дебар, Кичево, Охрид, Ресен и Струга.

ИЗДВОЕНИ