сабота, јуни 27, 2026
Дома СВЕТ Силен земјотрес ги погоди Пакистан и Авганистан: Снимката кажува сѐ/ВИДЕО

Силен земјотрес ги погоди Пакистан и Авганистан: Снимката кажува сѐ/ВИДЕО

44

Земјотрес со јачина од 5,9 степени денеска ги погоди деловите на Пакистан и соседниот Авганистан, но засега нема извештаи за штети или жртви.

Жителите низ целиот Пакистан брзаа да ги напуштат своите домови во паника, соопштија властите.

Епицентарот бил во регионот Хинду Куш во Авганистан, според пакистанската метеоролошка служба. Потресот бил почувствуван во Исламабад, како и во источната покраина Пенџаб и северозападната покраина Хајбер Пахтунхва, која граничи со Авганистан. Потресот бил почувствуван и во Кашмир, кој е под пакистанска администрација. Службите за итни случаи во Хајбер Пахтунхва соопштија дека окружните администрации се ставени во состојба на готовност.

Пакистан се наоѓа долж активна сеизмичка зона и земјотресите се чести.
Земјотрес со магнитуда од 7,6 степени во 2005 година уби десетици илјади луѓе во Пакистан и Кашмир, спорен хималајски регион поделен меѓу Пакистан и Индија, за кој двете земји тврдат дека е негов.

ИЗДВОЕНИ