понеделник, јули 27, 2026
Дома БАЛКАН Штрајкот на грчките цариници заврши, гужвите останаа! Колку се чека на граничните...

Штрајкот на грчките цариници заврши, гужвите останаа! Колку се чека на граничните премини?

0

Грчките цариници денеска штрајкуваа од 5:00 до 9:00 часот. Иако штрајкот заврши, се формираа големи гужви, па затоа е потребно трпение за сите во близина на граничните премини меѓу Македонија и Грција. Премините сега се отворени, но се формирани големи редици. На Евзони во моментов се чека околу три часа, додека на алтернативните премини Дојран и Меџитлија, или Ники, се чека повеќе од два часа.

Гужвите ќе траат во текот на целиот ден и им се советува на патниците да бидат трпеливи и да ја проверат ситуацијата на границите пред да тргнат.

За време на четиричасовниот штрајк, границите не беа целосно затворени, но сообраќајот се одвиваше во режим на повремено поминување на возила. На секои десет минути поминувале неколку автомобили и еден автобус, по што премините би биле повторно затворени десет до петнаесет минути.

За нормализирање на сообраќајот ќе бидат потребни повеќе часа и најверојатно ќе се нормаизира во попладневните часови.

ИЗДВОЕНИ