Според податоците на руското Министерство за вонредни ситуации, помош побарала група од двајца алпинисти кои биле на седлото на Елбрус, на надморска височина од околу 5.300 метри, во близина на засолништето „Црвена лисица“.
Алпинистите од Ставрополската област и Тулската област претходно уредно ја регистрирале својата рута. По нивниот повик за помош, на терен биле испратени четири спасувачи.
По пристигнувањето на спасувачката екипа, било утврдено дека едниот алпинист починал, најверојатно како резултат на хипотермија, додека другиот бил евакуиран од планината. Телото на починатиот останало на Елбрус бидејќи силната снежна бура и бурните налети на ветер го оневозможиле неговото извлекување. Евакуацијата е планирана за денес, доколку времето дозволи.
Во исто време, бурата го отежна извлекувањето на телата на планинарите од БиХ. Телата на две жртви беа евакуирани на полето Азау и предадени на надлежните органи, додека потрагата и извлекувањето на преостанатите тројца не можеше да продолжи поради исклучително лошите временски услови.












