четврток, октомври 29, 2026
Дома СВЕТ Шпанија тагува по најмалку 68 жртви: Објавени клучни аудио снимки од разговорот...

Шпанија тагува по најмалку 68 жртви: Објавени клучни аудио снимки од разговорот пред трагедијата

0
EPA/UME HANDOUT

Во Шпанија започна тридневна национална жалост по железничката несреќа во која загинаа најмалку 68 лица, а десетици беа повредени. Според Би-Би-Си (BBC), ова е една од најтешките железнички несреќи во модерната европска историја.
Спасувачките служби работеа цела ноќ под силни рефлектори, сечејќи ги металните конструкции на вагоните во потрага по жртви. Многу од настраданите сè уште не се идентификувани.

Надлежните ги истражуваат причините за несреќата, која се случи во средата наутро, на 28 октомври, кога брз воз што сообраќаше од Мадрид кон Севиља удри во друг воз, кој стоел на пругата.

„Цела Шпанија е во жалост“, изјави премиерот Педро Санчез, додавајќи дека „згаснати се животи, семејства се растурени, а болката е огромна“.

Според шпанското Министерство за внатрешни работи, стотици припадници на итните служби се испратени на местото на настанот за да помогнат во спасувачката операција, а исто така, се користат дронови и хеликоптери за пребарување на теренот и расчистување на остатоците.

Шпанскиот министер за транспорт, Оскар Пуенте, потврди дека возот што стоел на пругата – управуван од приватната компанија „Ирио“ (Iryo) и со 147 патници – застанал поради дефект во компјутерскиот систем.

Кој дозволи возовите да продолжат со движење?

Пуенте објасни дека во случај на системски дефект, контролата ја презема оперативен центар во Мадрид кој работи 24 часа. Сепак, според министерот, центарот донел „неразбирлива“ одлука, издавајќи наредба возовите да продолжат со движење, без никакви ограничувања на брзината.

Аудиоснимките од разговорите меѓу диспечерите во Мадрид и машиновозачите откриваат дека брзиот воз добил дозвола да продолжи, иако возот пред него бил во дефект и стоел на пругата.

Компанијата „Ирио“ соопшти дека во еден од нејзините возови, од задната страна, удрил воз на шпанската државна железничка компанија „Ренфе“ (Renfe), во кој имало 397 патници. Од силината на ударот, неколку вагони се лизнале по насипот, пренесува Index.hr.

ИЗДВОЕНИ