Македонската кошаркарска репрезентација е на чекор до пласман во главните квалификации за Европското првенство 2029, а првата задача е победа над Ирска во Скопје, меч кој ќе се одигра денеска (18 часот).
Во составот на селекторот Жозеп Марија Берокал првпат ќе настапи натурализираниот кошаркар Нејт Сестина, кој е целосно подготвен по повредата што го спречи да дебитира во февруари.
- Одлично се чувствувам овде. Соиграчите ме прифатија одлично и возбуден сум што, конечно, ќе заиграм за Македонија. Имаме квалитетен тим и верувам дека можеме да оствариме добри резултати. Од мене може да очекувате енергија, шут за три поени и максимална пожртвуваност – изјави Сестина.
По натпреварот со Ирска, македонските кошаркари ги очекува и дуелот против Луксембург, во продолжението на претквалификациите.











