петок, јануари 30, 2026
Дома БАЛКАН Серија земјотреси забележани за 30 минути на островот Крит во Грција

Серија земјотреси забележани за 30 минути на островот Крит во Грција

59

Четири земјотреси за помалку од 30 минути се регистрирани нешто по 10 часот денеска во близина на грчкиот остров Крит, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.

Според податоците на EMSC, вака изгледала сеизмичката активност на Крит:

Земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала се случи во 10:01 часот на 19 километри источно од Крит на длабочина од 25,8 километри.

Една минута подоцна, два посилни земјотреси со јачина од 4,4 и 4,3 степени според Рихтеровата скала се случија на 24 и 29 километри североисточно од островот, на длабочина од 17,7 и 17,1 километри.

Во 10:29 часот, четврти земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран на 15 километри источно од Закрос на мала длабочина од пет километри.

Сите земјотреси се случија во близина на Закрос, област позната по честите помали сеизмички активности.

ИЗДВОЕНИ