вторник, ноември 10, 2026
Дома БАЛКАН Потресни сцени од несреќата во Бугарија: Сведоци опишуваат врисоци од сите страни/ВИДЕО

Потресни сцени од несреќата во Бугарија: Сведоци опишуваат врисоци од сите страни/ВИДЕО

1878

Голем верижен судир со учество на повеќе возила се случи утрово на автопатот „Тракија“ во Бугарија, поради густа магла. Несреќата се случила околу 07:00 часот во близина на клучката „Зимница“, на 290-тиот километар од автопатот.

Според последните информации, 12 лица загинале, а 48 се повредени.

Во општините Стралџа, Тунџа и Јамбол е прогласена делумна вонредна состојба. Вонредната состојба е воведена со наредба на регионалниот гувернер на Јамбол, Георги Чалаков, и стапи на сила на 10 ноември 2026 година, во 07:30 часот, соопшти локалната регионална администрација.

Оваа мерка е преземена поради исклучително тешката ситуација во регионот и значителната материјална штета предизвикана од тешките сообраќајни несреќи на автопатот.

„Несреќата ја видовме во последниот момент, мислевме дека можеби ќе успееме да ја избегнеме. Бевме вториот автомобил. Но, возилата зад нас предизвикаа дополнителни проблеми. Овде сме уште од 07:30 часот“, изјави еден сведок.

„Ова е кошмар“, рече друго лице кое се затекнало меѓу смачканите возила. Според него, трагедијата била предизвикана од голема брзина. Тој напомена дека видливоста била само 1–2 метри.

„Вистинскиот ужас беше внатре во автобусот. Бевме натрупани еден врз друг. Кога излеговме, почнавме да се оддалечуваме од автобусот за да не се запали“, раскажа жена која била во автобусот полн со луѓе што патувале на одмор.

„Не можам да најдам зборови за да ја опишам глетката. Целосен ужас. Од сите страни се слушаа врисоци“, изјави друг сведок на трагедијата.

Снимките од дрон ги прикажуваат размерите на ужасот.

Во двете верижни несреќи учествувала и цистерна, но засега нема истекување, изјави заменик-министерот за внатрешни работи, Калојан Калојанов. На патот нема расфрлани опасни материи.

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: Бугарија по верижниот судир ги мобилизираше сите расположливи сили

ИЗДВОЕНИ