Српските инвестиции во Македонија бележат драстичен раст во 2025 година, достигнувајќи повеќе од 33,1 милион евра, наспроти само 2,89 милиони евра во 2024 година. Тоа претставува зголемување за повеќе од 11 пати, покажуваат податоците на Народната банка. Српскиот капитал е присутен во повеќе економски сектори, од телекомуникациите и медиумите, до банкарството, осигурувањето и прехранбената индустрија. Меѓу позначајните компании со српско присуство се „Мтел“, „Ананас“, „Нектар“, „Имлек“ и „Комтрејд“.

Претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, неодамна изјави дека вкупните српски инвестиции во Македонија надминуваат 1,5 милијарди евра, додека во Србија функционираат повеќе од 1.000 компании со македонски сопственици. Особено внимание привлекува влезот на српската АЛТА групација во финансискиот сектор, преку преземањето на Алта банка Битола и сопственичкото присуство во осигурителната компанија „Зоил Македонија“.

Во меѓувреме, трговската размена останува неурамнотежена, со речиси петкратно поголем увоз од Србија отколку македонски извоз на српскиот пазар.

По политичките промени во Србија, македонската Влада очекува продолжување на добрите меѓусоседски односи и унапредување на економската соработка.

ИЗДВОЕНИ