четврток, јуни 4, 2026
Дома МАГАЗИН Семејството на Кетрин О’Хара донесе конечна одлука за последното збогување со актерката

Семејството на Кетрин О’Хара донесе конечна одлука за последното збогување со актерката

119

Семејството на Кетрин О’Хара даде изјава во врска со последното збогување со актерката.

Тие објавија дека ќе одржат „приватна прослава на животот“ по смртта на актерката на 71-годишна возраст.

Значи, погребот нема да биде организиран за поширок круг луѓе.

Актерката, позната по своите улоги во првите два филма „Сам дома“, почина во Лос Анџелес по кратко боледување.

Таа беше итно префрлена во болница во Лос Анџелес во петок наутро во „сериозна“ состојба, а подоцна почина.

Нејзиниот „син“ од филмот „Сам дома“, актерот Меколи Калкин, се збогува со својата „филмска“ мајка со емотивни зборови.

„Мислев дека имаме време. Сакав повеќе. Сакав да седнам на столчето до тебе. Те слушнав. Но, имав толку многу да кажам. Те сакам. Се гледаме подоцна“, рече Калкин, кој ни го донесе ликот на Кевин Мекалистер.

ИЗДВОЕНИ