вторник, јуни 9, 2026
Дома СВЕТ Секс скандал го тресе Хаг: Главниот обвинител е суспендиран

Секс скандал го тресе Хаг: Главниот обвинител е суспендиран

43
EPA/PETER DEJONG / POOL

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Карим Кан, е суспендиран по завршувањето на дисциплинската постапка за наводи за сексуална злоупотреба, објави управниот орган на судот.

Одлуката е донесена откако извршниот комитет на МКС гласаше за упатување на случајот на посебна седница на земјите-членки на судот, која ќе ја разгледа иднината на Кан на функцијата, објави „Гардијан“.

Според документ што го виде „Гардијан“, комитетот, составен од 21 земја-членка, со квалификувано мнозинство пресуди дека Кан извршил сериозно кршење на правилата во врска со наводите за сексуална злоупотреба.

Во соопштението на управното тело на МКС, беше нагласено дека суспензијата „не е показател за конечниот исход од постапката“, но е јасно дека еден од највлијателните меѓународни обвинители се соочува со најтешката криза во својата кариера.

Аферата избувна во 2024 година кога службено лице на МКС го пријави Кан за наводно сексуално вознемирување и злоупотреба.

Според нејзините тврдења, помеѓу 2023 и 2024 година таа била подложена на принудно, неконсензуално сексуално однесување во текот на подолг временски период. Наводните инциденти, како што е наведено, се случиле за време на службени патувања, во хотелски соби, во канцеларијата на Кан во Хаг, но и во неговиот дом.

Речиси две години, овие обвинувања предизвикуваат потреси во Меѓународниот кривичен суд и го доведуваат во прашање кредибилитетот на институцијата што ги гони најсериозните воени злосторства и злосторства против човештвото.

Кан, истакнат британски адвокат кој е на чело на Обвинителството на МКС од 2021 година, постојано категорично ги отфрла сите обвинувања.

Неговите адвокати претходно изјавија дека тој „категорично негира“ дека вознемирувал или злоупотребувал кое било лице, дека ја злоупотребувал својата позиција или дека се однесувал на начин што може да се протолкува како принудно, експлоататорско или професионално несоодветно.

Додека постапката е во тек, Кан веќе привремено се повлече од водењето на обвинителството.

ИЗДВОЕНИ