Седум земји официјално изразија интерес за организација на Олимписките игри во 2036 година, соопшти Меѓународниот олимписки комитет (ИОК). Меѓу кандидатите се: Германија, Унгарија, Индија, Катар, Јужна Африка, Јужна Кореја и Турција. Германија и Јужна Кореја се единствените земји од листата што веќе биле домаќини на Олимписките игри.

Заинтересираните кандидати во ноември ќе ги претстават своите планови пред Комисијата за идни домаќини, по што ќе следува стратешки дијалог со Извршниот одбор на МОК.

Конечната одлука ќе биде донесена во 2029 година, со гласање на сите членови на Комитетот. Кандидатурите на Катар и на Индија се сметаат за сериозни, додека Турција и Унгарија подолг период се обидуваат да обезбедат домаќинство.

Особено внимание привлекува Јужна Африка, бидејќи никогаш досега не биле одржани Олимписките игри на африканскиот континент. Германија, пак, го предлага Минхен, кој беше домаќин во 1972 година.

ИЗДВОЕНИ