Седум српски државјани се уапсени во Естепона во Шпанија поради сомнеж дека учествувале во киднапирање и малтретирање на двајца мажи, пренесуваат шпанските медиуми повикувајќи се на полициски извори.
Уапсените лица се Ф. Ј. (25), З. Н. (35), И. М. (24), С. М. (27), Л. Ј. (29), А. К. (24) и М. Н. (31); по апсењето им е одреден притвор.
Шпанската полиција истражува дали вилата била поврзана со група за организиран криминал и дали осомничените се поврзани со други кривични дела.
Истрагата е во тек.












