четврток, јули 2, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Се запали автобус на патарината кај Велес: За среќа патниците навреме го...

Се запали автобус на патарината кај Велес: За среќа патниците навреме го напуштиле возилото

93

Во близина на патарината Отовица кај Велес во правец кон Скопје, автобус избувнал во пламен, предизвикувајќи вознемиреност кај возачите и патниците што во тој момент се движеле по автопатот.

Благодарение на брзата реакција, сите патници навреме го напуштиле возилото и нема повредени.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, веднаш по пријавата на терен биле испратени екипи на Територијалната противпожарна единица, како и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес.

Поради интервенцијата и безбедносните мерки, сообраќајот на овој патен правец е привремено во прекин.

 

ИЗДВОЕНИ