понеделник, август 17, 2026
Дома СКОПСКА Се урива тобакото „Али“ на Бит Пазар

Се урива тобакото „Али“ на Бит Пазар

75

Се урива тобакото „Али“ кое се наоѓа на тротоар на Бит Пазар. Ова на Фејсбук го објави скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски.

-Со добар збор и домаќински пристап, нема невозможно решение – напиша кусо тој.

Ѓорѓиевски во февруари најави засилени акции за отстранување на дивопоставените објекти низ градот кои низ годините биле изградени без соодветна документација, а со тоа тие узурпираат јавни површини, велосипедски и пешачки патеки, како и зелени зони.

-На Бит-пазар има објект поставен на велосипедска и пешачка патека, невозможно е да се функционира. Тој ќе биде отстранет. Секаде каде што имаме узурпација на државен простор ќе постапуваме – изјави тогаш скопскиот градоначалник.

 

ИЗДВОЕНИ