четврток, јули 2, 2026
Дома СКОПСКА Компостeр во градинката „Орце Николов“

Компостeр во градинката „Орце Николов“

17

Во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведен од Здружението „Центар за ресурси во животната средина“ (РЕЦ), „Екологик“ и „Флоразон“, денеска беше дониран компостер во градинката „Орце Николов“.

Од Општина Карпош информираат дека донираниот компостер ќе овозможи органскиот отпад што секојдневно се создава во градинката да биде соодветно селектиран и компостиран.

– Во процесот активно ќе бидат вклучени и децата, кои преку практични активности ќе имаат можност да научат како може да се претвори органскиот отпад во природно ѓубриво – компост, кое понатаму ќе се користи за одржување на зелените површини во дворот на градинката – велат од локалната самоуправа.

Притоа, додаваат дека целта на овој проект е да се научат децата уште од најмала возраст на навики и практични знаења што се во насока на поголема свест за паметно селектирање, фрлање и искористување на отпадот, како и поголема грижа за животната средина и нашето опкружување.

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, ја поздрави реализацијата на оваа иницијатива, истакнувајќи дека создавањето одговорни навики кај најмладите е од исклучително значење за иднината на локалната заедница.

 

ИЗДВОЕНИ