четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Се уредува мајор коритото на Крива Река 

Се уредува мајор коритото на Крива Река 

42

Општина Крива Паланка почна со градежните активности за уредување на мајор коритото на Крива Река (дел 1 и 4).

Во оваа фаза од проектот се планирани изградба на пешачки и велосипедски патеки, садење цветни леи и уредени зелени површини. Потоа, пешачки мостови, уредени плоштади и простори за одмор и дружење.

– Со ова го заокружуваме целиот проект и градот ќе добие нов, урбан и функционален простор за сите нас – истакна градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Изведувач на проектот, кој е вреден 27.728.153,39 денари, е фирмата „Цвет компани“ ДООЕЛ од Скопје. Проектот е финансиран од Владата, преку Министерството за животна средина и просторно планирање.

 

ИЗДВОЕНИ