понеделник, ноември 9, 2026
Дома МАГАЗИН Сè шушка дека Синер повеќе не ја љуби убавата Лајла – го...

Сè шушка дека Синер повеќе не ја љуби убавата Лајла – го поврзуваат со нова убавица/ФОТО

0
EPA/TOLGA AKMEN

Љубовниот живот на италијанскиот тенисер Јаник Синер често е во центарот на вниманието на италијанските медиуми, а бројни извештаи сега сугерираат дека неговата врска со манекенката Лајла Хасановиќ – која е со босанско потекло – е завршена.

Во текот на 2025 година, Хасановиќ беше често присутна во ложата на Синер за време на многу од неговите натпревари. Нејзиното присуство на трибините кога тој минатата година ја освои титулата на АТП финалето во Торино, привлече значително медиумско внимание.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Laila Hasanovic (@lailahasanovic)

Сепак, сè повеќе има индиции дека Синер и Хасановиќ повеќе не се заедно.

Данската манекенка дополнително ги поттикна овие гласини со објава на Инстаграм, во која навести можно преселување во Америка.

Во последните недели, Синер се поврзува со Грета Галаси, поранешна италијанска учесничка на изборот за „Мис на светот“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Greta Galassi (@gretagalassi)

Италијанските медиуми продолжуваат да шпекулираат за приватниот живот на една од најголемите спортски ѕвезди во земјата.

Сепак, познат по својата повлечена природа, Синер во повеќе наврати јасно стави до знаење дека сака својот приватен живот да го задржи подалеку од медиумското внимание, и покрај постојаниот јавен интерес.

„Секако, не е лесно. Многу патувам, особено за време на турнирите. Многу сум фокусиран. Но, мислам дека е прекрасна работа кога, како и секој друг, ќе пронајдете вистинска љубов. Сакам да зборувам за тенис и за спортот воопшто. Но, кога станува збор за мојот приватен живот, вистината е дека сакам тој така и да остане“, вели Синер. Сакам да ги заштитам луѓето што ми се најблиски и да ги држам подалеку од сето ова. Тоа го сметам за мала задача што треба да ја исполнам, речиси како обврска. Тие ми помогнаа да стекнам самодоверба кога бев млад, а денес сакам на некој начин да ги заштитам. Луѓето блиски до мене размислуваат исто како и јас за ова прашање. Многу се слични на мене. Се разбираме само со еден поглед, за една секунда“, додава Синер.

Галаси имаше само 17 години кога ја претставуваше Италија на изборот за „Мис на светот“, а претходно се занимаваше со натпреварувачка одбојка. Според информациите што ги пренесоа италијанските медиуми, првиот контакт меѓу Синер и Галаси наводно бил остварен преку Инстаграм.

ИЗДВОЕНИ